image of a compass
NDI

The National Democratic Institute is a nonprofit, nonpartisan organization working to support and strengthen democratic institutions worldwide through citizen participation, openness and accountability in government.

Служба за истражување и информирање воспоставена на принципите на непристрасност, достапност и кредибилитет

Macedonia parliament

Еднакви можности - Собранието и Парламентарниот институт се обврзани на правичност, транспарентност и на недискриминирање во однос на сите аспекти од процесот на вработување. Оттаму, одлуките за вработување ќе се донесуваат врз основа на заслуги по претходно дефинирани критериуми и нивна објективна примена.

Политиката и практиките за вработување, исто така, имаат цел да се подготвува и одржува профилот на вработените, кој претставува одраз на различностите во Македонија во однос на возраста, инвалидитетот, етничката припадност, верата, полот и сексуалната ориентација.

Прочитај повеќе | English

Опис на работни места и лични квалификации

Опис на процесот на вработување

Упатство за пополнување на пријавата за вработување на државен службеник (јавен оглас)  |  Упатство за пополнување на пријавата за вработување на државен службеник (интерен оглас)  |  Прирачник за полагање испит за државен службеник

  • 14 дена пред крајниот рок за пријавување - почеток на информативните состаноци
  • 7 дена пред крајниот рок за пријавување - во печатените медиуми се објавува оглас
  • 45-дневен процес
    • Краен рок за поднесување на пријавата за вработување во државна администрација до Агенцијата за администрација и примерок до Националниот демократски институт; достапен е Прирачник за испитот за државен службеник
    • Спроведување на испитот за државен службеник
    • Интервјуирање и проверка на петте најуспешни кандидати за секое работно место
    • Листа на потесен избор, која е составена од тројца од вкупно пет кандидати
    • Избор на еден од тројцата кандидати од генералниот секретар
    • Изборот на најдобриот кандидат се врши врз основа на бодовите за просечен успех во образованието (10 бодови), бодовите од испитот (60 бодови) и бодовите од интервјуто (30 бодови)
    • Спроведување на тест за интегритет и психолошки тест за избраниот кандидат во согласност со законските одредби
    • Се контактираат лицата за препорака на избраниот кандидат
    • За раководител на Парламентарен институт, Управувачкиот совет ја потврдува одлуката на генералниот секретар
    • Врз основа на препораките од НДИ, СДЦ може, но не мора да го потврди изборот на селектираните кандидати
    • Објавување на резултатите и постапка за поднесување приговори
  • За избраниот кандидат, по завршувањето на процесот на вработување, започнува процес на обука и менторство во период од 12 месеци
  • По пробниот период од 12 месеци избраниот кандидат полага стручен испит
  • По успешното положување на стручниот испит и зависно од оценувањето, избраниот кандидат се стекнува со статус на државен службеник

Условите, начинот и постапката за селекција и вработување на државни службеници, како и другите релевантни прашања детално се утврдени со: Законот за државните службеници – пречистен текст (Службен весник на РМ, бр. 76 од 07.06.2010 година), Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (Службен весник на РМ, бр. 167 од 23.12.2010 година) и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.03.2011 година).

Описот на работните места и спецификации за сите работни места во Парламентарниот институт се објавени на веб - страницата на Собранието на Република Македонија http://www.sobranie.mk (видете: Правилник за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија - мај 2010, и Измените на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работнитите места во Службата на Собранието на Република Македонија - март 2011).

Министерството за информатичко општество и администрација, врз основа на Законот за државните слубеници, донесе нов Правилник за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (Службен весник на РМ, бр.13 од 04.02.2011 година и измените на правилникот од Службен весник на РМ, бр.27 од 03.03.2011 година) во кој подетално се пропишува постапката за селектирање и вработување на држаните службеници, како и начинот на пополнување на Пријавата за вработување на државен службеник, според пропишаното упатство. Правилникот ја содржи и Програмата за полагање на испит за државен службеник.

За сите подетални информации за релевантните акти поврзани со селекцијата и вработувањето, кандидатите можат да ја посетат веб страницата на Агенцијата за администрација (www.aa.mk) и на Министерството за информатичко општество и администрација (www.mio.gov.mk).