image of a compass
NDI

The National Democratic Institute is a nonprofit, nonpartisan organization working to support and strengthen democratic institutions worldwide through citizen participation, openness and accountability in government.

Служба за истражување и информирање воспоставена на принципите на непристрасност, достапност и кредибилитет

Macedonia parliament

ПОДДРШКА НА ОСНОВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ

Процес на селекција и вработувања во Парламентарниот институт

На 25 октомври 2013, Aгенцијата за администрација го објави огласот 165/2013 за две работни места во Собранието на Република Македонија во дневните весници Дневник, Вечер и Коха. Позициите се во рамките на Посебната организациона единица - Парламентарен институт. Сите заинтересирани и квалификувани кандидати се охрабруваат уредно да пополнат формулар за пријавување (пријава) и да го достават до Агенцијата за администрација најдоцна до 31 октомври 2013 година. Копија од пополнетиот формулар за пријавување може исто така да се испрати и до Националниот демократски институт (НДИ) на contact@ndi.org.mk.

Важно е да се напомене дека посебните услови предвидени како предност на кандидатите за вршење на работата (пожелни услови), утврдени во Правилникот за систематизација на работните места на Собранието на Република Македонија ќе се земат предвид при спроведувањето на интервјуто и со истите услови кандидатите не треба да аплицираат. Кандидатот овие услови во Пријавата може да ги наведе во делот кој се однесува на „Други податоци од интерес за работното место“, во кој кандидатите впишуваат други положени испити; добиени сертификати или дипломи; повисок степен на образование и слично од интерес за работното место.

Огласот 165/2013 предвидува вработување за следните позиции:

  • Соработник за административна поддршка, Одделение за правни анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции
  • Соработник за административна поддршка, Одделение за едукација и комуникација, Сектор за едукација и за комуникација/за истражувачка библиотека и законодавна архива

За повеќе информации за опсегот на работа на Парламентарниот институт или за да го разгледате описот на работните места и личните квалификации, посетете ги следните страници: www.ndi.org/macedonia/parliamentary-institute, www.fb.me/PIMakedonija и www.twitter.com/PIMakedonija. За да дознаете повеќе за процесот на селекција за државната служба, посетете ја страната www.aa.mk или контактирајте со г-ѓа Марија Алексовска, Државен советник во Собранието на РМ, на следниот контакт телефон: 071/ 330 - 741 или по e-пошта: parl.inst@sobranie.mk .

Изборот на тим од професионалци со висок квалитет кои ќе работат во Парламентарниот институт и кои се подготвени да обезбедуваат непристрасни истражувачки и информативни услуги за Собранието продолжува да биде една од клучните цели на проектот.

Проектот „Поддршка на основањето и развојот на Парламентарниот институт” се спроведува со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Како партнери на Собранието во овој проект, СДЦ и НДИ одблизу ќе го следат процесот на вработување во Парламентарниот институт.

Прочитај повеќе | English

Опис на работни места и лични квалификации

Опис на процесот на вработување

Упатство за пополнување на пријавата за вработување на државен службеник (јавен оглас)  |  Упатство за пополнување на пријавата за вработување на државен службеник (интерен оглас)  |  Прирачник за полагање испит за државен службеник

  • 10 дена пред крајниот рок за пријавување - во печатените медиуми се објавува оглас
  • 45-дневен процес
    • Краен рок за поднесување на пријавата за вработување во државна администрација до Агенцијата за администрација и примерок до Националниот демократски институт; достапен е Прирачник за испитот за државен службеник
    • Спроведување на испитот за државен службеник
    • Интервјуирање и проверка на петте најуспешни кандидати за секое работно место
    • Листа на потесен избор, која е составена од тројца од вкупно пет кандидати
    • Спроведување на тест за интегритет и психолошки тест за избраниот кандидат во согласност со законските одредби
    • Избор на еден од тројцата кандидати од генералниот секретар, во рок од три дена по добивањето на ранг-листата
    • Изборот на најдобриот кандидат се врши врз основа на бодовите за просечен успех во образованието (10 бодови), бодовите од испитот (60 бодови) и бодовите од интервјуто (30 бодови)
    • Се контактираат лицата за препорака на избраниот кандидат
    • За раководител на Парламентарен институт, Управувачкиот совет ја потврдува одлуката на генералниот секретар
    • Врз основа на препораките од НДИ, СДЦ може, но не мора да го потврди изборот на селектираните кандидати
    • Објавување на резултатите и постапка за поднесување приговори
  • За избраниот кандидат, по завршувањето на процесот на вработување, започнува процес на обука и менторство во период од 6 или 12 месеци
  • По пробниот период од 6 или 12 месеци, зависно од позицијата, избраниот кандидат полага стручен испит
  • По успешното положување на стручниот испит и зависно од оценувањето, избраниот кандидат се стекнува со статус на државен службеник

Условите, начинот и постапката за селекција и вработување на државни службеници, како и другите релевантни прашања детално се утврдени со: Законот за државните службеници – пречистен текст (Службен весник на РМ, бр. 76 од 07.06.2010 година), Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (Сл. весник на РМ, бр. 167 од 23.12.2010 година) и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (Сл. весник на РМ, бр. 36 од 23.03.2011 година) и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (Сл. весник на РМ, бр. 36 од 23.03.2011 година), Закон за изменување и дополнување на законот за државни службеници (Сл. весник на РМ, бр. 82 од 05.06.2013 година), Закон за изменување и дополнување на законот за државни службеници (Сл. весник на РМ, бр. 15 од 25.01.2013 година), Закон за изменување и дополнување на законот за државни службеници, (Сл. весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година), Закон за изменување на законот за државни службеници (Сл. весник на РМ, бр. 6 од 13.1.2012 година).

Описот на работните места и спецификации за сите работни места во Парламентарниот институт се објавени на веб - страницата на Собранието на Република Македонија http://www.sobranie.mk.

Министерството за информатичко општество и администрација, врз основа на Законот за државните слубеници, донесе нов Правилник за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (Сл. весник на РМ, бр.13 од 04.02.2011 година, Измените на правилникот од Сл. весник на РМ, бр.27 од 03.03.2011 година, и Измените и дополнувањата на правилникот од Сл. весник на РМ, бр 69 од 14.05.2013 година), во кој подетално се пропишува постапката за селектирање и вработување на држаните службеници, како и начинот на пополнување на Пријавата за вработување на државен службеник, според пропишаното упатство. Правилникот ја содржи и Програмата за полагање на испит за државен службеник.

За сите подетални информации за релевантните акти поврзани со селекцијата и вработувањето, кандидатите можат да ја посетат веб страницата на Агенцијата за администрација (www.aa.mk) и на Министерството за информатичко општество и администрација (www.mio.gov.mk).